Црниот дроб за Абидал бил набавел од црниот пазар?

фото: fcbarcelona.com

Поранешниот француски репрезентативец и играч на Барселона, а сега директор на каталонскиот клуб, Ерик Абидал повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради операцијата од 2012 година со која му беше спасен животот. Тогаш на Абидал му беше извршена операција за трансплантација на црн дроб.

Седум години подоцна, шпанскиот суд кој во меѓувреме покрена истрага дојде до нови сознанија за потеклото на црниот дроб кој му беше дониран на Абидал.

Иако се веруваше дека донатор на црниот дроб беше роднината на Абидал, Џерард Арманд, сега обвинителството по разговорите со поранешниот претседател на Барселола, Сандро Росел дојде до нови сознанија дека донираниот орган бил набавен на црниот пазар.

„Му купивме нелегален црн дроб од црниот пазар. На Абидал му кажавме дека органот го донирал негов роднина“, му признал на Росел, еден од неговите помошници чиј идентитет засега се држи во тајност.

На првото рочиште кое се одржа во 2018 година беше сослушан токму роднината на Абидал, Арманд на кого по налог на Судот му беше направен ДНК тест од страна на форензички доктори, а судијката Ортега наложи да се направи и преглед со магнетна резонанца за да се разрешат некои дилеми. Судот исто така се обиде да дознае и дали роднината на Абидал добил финансиска компензација.

– Луѓето мислат дека јас добив милиони долари, но тоа не е вистина. Ќе одговорам на сите прашања, немам што да кријам. Сакам да ме остават на мира – изјави пред неколку месеци Џерард Арманд.

Шпанската национална организација за трансплантација на органи соопшти дека истрагата во која соработуваа со надлежните институции покажа дека донацијата на органот за Ерик Абидал била во склад со законот и со правилата на клиниката каде што беше извршена операцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот