Црниот биланс од катастрофата во Јарослављ

Четиринаесет станари се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослављ, североисточно од Москва, јави регионалната служба за итни случаи, пренесе Тасс.

„Четиринаесет станари се спасени од зградата, од кои петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините”, соопшти регионалната служба за итни случаи.

По експлозијата на гас и пожарот, зградата се урна од шестиот кат до приземјето.

Според најновиот извештај, едно лице починало, а четири се тешко повредени. Жена и дете се останти под урнатините.

Се верува дека експлозијата била предизвикана од протекување на гас.

Во тек е истрага на несреќата, а отворена е и кривична постапка затоа што „давателот на услугата не ги исполнил неопходните безбедносни барања”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот