Црни рекорди во регионот: Бугарија, Србија и БиХ со најмногу заразени, Словенија и со починати од ковид-19

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

 Во изминатите 24 часа, во Србија се евидентирани 757 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата. Во тој временски интервал починаа уште три лица.

Најмногу новозаразени има во Белград – 433.

Во последните 24 часа биле хоспитализирани 135 пациенти, а 23 се на апарати за дишење. Во моментов во болниците има 616 пациенти со Ковид-19. Вкупно 38.872 лица се заразени во Србија од почетокот на пандемијата, а 789 починале.

Рекорд на новозаразени за еден ден има и во БиХ – 1.251 новоинфициран, а 10 пациенти починале.

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.963 нови случаи на инфекција со коронавирусот, 300 повеќе од претходниот ден, а 18 лица починале. Ова е нов црн рекорд за бројот на нови случаи и бројот на смртни случаи досега во Словенија.

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.589 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од вчерашниот рекорден биланс од 1.595 новоинфицирани, а други 13 лица починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот