„ЦРНАТА ОВЦА“ од популарниот бенд ЦЕЛОСНО СЕ СМЕНИ, фановите не ја препознаваат

митја буена
Фото Профимедиа

Sugababes некогаш беа дефиниција за успешна женска поп-група, а во текот на кариерата сменија постава и по неколкупати.

Митја Буена беше една од оригиналните членки, која по некое време се повлече од групата и продолжи како соло-пејачка, а потоа учествуваше и во „Големиот брат“.

На најновите фотографии кои се појавија од нејзе се гледа дека таа направила многу естетски операции, после кои изгледа непрепознатливо, а многу фанови мислат дека веќе не е убава како во времето на Sugababes.

Митја досега неколкупати ставаше импланти и потоа ги вадеше, но сега се гледа дека операциите се многу повеќе од импланти.

Во бендот таа важеше за „црна овца“ бидејќи секогаш имаше поинакви идеи за развојот на кариерата за разлика од своите колешки, кои со години го следеа истиот проверен рецепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот