„Црна листа“ во Брисел: ЕУ за првпат санкционира кинески официјални лица по 30 години

европски парламент EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската Унија (ЕУ) денеска одлучи да стави кинески официјални лица на црна листа поради кршење на човековите права, потврдија двајца дипломати, што претставува прво санкционирање против Пекинг по оруженото ембарго на ЕУ во 1989 година поради репресиите на плоштадот Тјенанмен.

Амбасадорите на ЕУ одобрија забрани за патување и замрзнување на банкарските сметки за четворица кинески државјани и еден ентитет, чии имиња нема да бидат јавно објавени до официјалното одобрување од министрите за надворешни работи на ЕУ на 22 март, како дел од новата и поширока листа на санкции.

– Преземени се мерки за ограничување поради сериозни прекршувања и непочитувања на човековите права, изјави дипломат на ЕУ.

Кинеските претставници се обвинети за кршење на човековите права против кинеското муслиманско малцинство Ујгури, истакнаа дипломати на ЕУ, а овој потег ја одразува длабоката загриженост за Ујгурите во Европа, САД и Канада.

ЕУ последен пат воведе санкции против Кина, која е нејзин втор по големина трговски партнер, во јуни 1989 година, воведувајќи оружено ембарго за Пекинг, кое сè уште е во сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот