Црна Гора во петок ги олабавува мерките: Се отвораат плажите, се укинува забрната за движење, но под овие услови

Од петок во целата држава е дозволен сообраќај со патнички и такси возила, а од понеделник и автобускиот и железничкиот сообраќај.

Угостителските објекти ќе бидат отворени во петок, а истиот ден се укинува и забраната за движење од 23 часот до 5 наутро, соопшти Владата на Црна Гора.

Во петок ќе бидат отворени и плажите, со мерки за дистанца.

Обврска на сопствениците е да ги истакнат информациите за мерките, вработените да носат маски и најмногу четири лица да бидат на маса (освен за семејствата).

Меѓу масите најмало растојание мора да биде два метри или параван, дезинфекција на рацете на влез и излез, без самопослужување, без стоење и задржување на шанк.

Претходно беше најавено дека угостителските објекти ќе почнат со работа од 18 мај.

– Од петок во целата држава е дозволен сообраќај со патнички и такси возила (бројот на лица согласно сообраќајната дозвола), а од понеделник и внатрешниот јавен патнички и железнички превоз“, соопшти Владата на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот