Црна Гора уништи 60,4 тони оружје и муниција

Рачни бомби илустрација/ Фото: Twitter/ITF Enhancing Human Security

Дирекцијата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора уништи 60,4 тони неексплодирани боеви средства од различен профил, собрани во текот на 2018 и 2019 година.

„На овој начин Црна Гора покажа дека, преку безбедно уништување на неексплодирани убоити средства, ги почитува барањата на струката од оваа област и го штити здравјето на граѓаните и животната средина. Исто така, преку уништување на значителна количина на неексплодираниубоити средства, се потврдува дека постојат технички и професионални капацитети што можат да одговорат на толку сложена и тешка задача”, соопшти црногорското Министерството за внатрешни работи.

Вредноста на извршените работи е околу 700.000 евра.

„Финансиската поддршка од меѓународните партнери исто така укажува на доверба во потенцијалите и напорите што Црна Гора ги презема за унапредување на оваа важна област”, ​​се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот