Црна Гора: Уапсени Хрвати кои шверцувале тон кокаин од Карибите

Заплена на кокаин / фото: МИА

Полицијата на Црна Гора во Тиват уапсила  двајца државјани на Хрватска врз основа на налог од Интерпол, издаден од португалската полиција.

Хрватите на возраст од 46 и 53 години се осомничени за шверц на повеќе од еден тон кокаин, односно се барани за кривична постапка под сомнение за трговија со дрога, пренесе порталот „Индекс“.

„Според сомнежите, на 23 јуни минатата година, тие двајца од Карибите до Португалија транспортирале кокаин скриен во внатрешност на брод. Португалската полиција тогаш пронашла и запленила вкупно 1.200 килограми кокаин“, се вели во соопштението на црногорските надлежни органи.

Акцијата за апсење била спроведена во соработка меѓу службите на Португалија и Хрватска, а била реализирана од припадници од секторот за организиран криминал и корупција на црногорската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот