Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирус

Фото: Профимедиа

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.

Националното координативно тело за заразни болести (НКТ), на предлог на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) прогласи крај на епидемијата од коронавирус во Црна Гора.

– Ова е резултат на неколкумесечните напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата ! Некои мерки ќе бидат укинати, но со оглед на тоа што пандемијата се уште трае, остануваат во сила мерките против импортација на вирусот, соопшти Владата на својот официјален профил на Твитер.

Поминаа 28 дена откако во Црна Гора не се регистрирани нови случаи на коронавирус. Тоа значи дека се исполнети сите услови за официјално да се прогласи крај на епидемијата, јавуваат црногорските медиуми.

– Од вчерашниот пресек на состојбата, завршени се анализите на 133 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција со Ковид-19. Сè уште нема активни случаи, објави претходно Институтот за јавно здравје.

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.

Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.

Во моментов, 1.064 луѓе се под надзор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот