Црна Гора постави рекорд во Европа: На првиот ден од масовната имунизација, вакцинирани се скоро 10.000 лица
За време на првиот ден на масовна имунизација, Црна Гора постигна рекорд вакцинирајќи скоро 10.000 граѓани против вирусот корона, објави Министерството за здравство.
Првата доза ја примиле 7.784 лица, а втората 1.482, што постави рекорд во Европа за бројот на дози дадени за еден ден во однос на бројот на жители.
„Според досега достапните податоци, рекордер беше Германија, која вакцинираше еден милион жители за еден ден, што е 1,2% од целото население. Црна Гора денес вакцинираше 1,5% од населението“, се вели во соопштението.
Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ рече дека Црна Гора е меѓу ретките земји во светот која, пропорционално на бројот на жители, има капацитет да вакцинира скоро 10.000 граѓани за еден ден.
„Ова е успех на целата земја, со акцент на граѓаните чија свест за важноста на вакцинацијата е за првите десет“, рече Бојовиќ.