Црна Гора може да добие до 500 милиони евра од ЕУ

Црна Гора може да очекува да добие околу пет проценти од средствата, грантовите и поволните заеми од девет милијарди евра од Инвестициската рамка на Европската комисија (ЕК) за Западен Балкан, што е околу 450 до 500 милиони, пренесе Vjesti.me.

Сепак, сè зависи од квалитетот на предложените проекти, изјави соговорникот на „Вијести” вклучен во активностите поврзани со тој проект и додаде дека ЕУ ќе бара проектите да бидат неопходни, економични, одржливи и еколошки.

Тој наведува дека во изминатите десет години од постоењето на Инвестициската рамка, Црна Гора добила околу 410 милиони од околу 7,5 милијарди дистрибуирани грантови и поволни заеми за земјите во регионот.

Инвестициската рамка на Западен Балкан (WBIF) е воспоставена од Европската унија за да им помогне на земјите кандидати да се развиваат побрзо и подобро, како и да го олеснат контактот меѓу корисниците – шесте земји во регионот Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово и Северна Македонија со институциите и банките на ЕУ како донатори и кредитори.

Прочитајте и...  Членството полека ќе одзема од моќта на лидерите

Извор: Vjesti.me

Поврзани вести

Меркел предупредува: Германскиот здравствен систем е пред „пукање“

Слободен печат

Најголем дневен пораст на случаи во Кина – со 42 заразени се кренаа на нозе

Слободен печат

ВИДЕО | Клупата на Горан Стефановски е готова, едвај чекам да си дојде во Дебар Маало, вели синот Игор

Слободен печат

СДСМ: Инфектологот Вело Марковски се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот

Слободен печат

По десет години зад решетки: Неонацистот и негатор на Холокаустот, Хорст Малер на слобода

Слободен печат

Основачот на американскиот култ „Нексием“, Кит Раниер осуден на 120 години затвор

Слободен печат

Остави Коментар