Црна Гора: Кривокапиќ почна разговори за состав на новата влада

Здравко Кривокапиќ/ Фото: SAVO PRELEVIC / AFP / Profimedia

Кандидатот за мандатар Здравко Кривокапиќ ги почна иницијалните разговори со претставниците на трите коалиции, кои формираа парламентарно мнозинство во Црна Гора, а треба да се сретне и со претседателот на ПзП (Движење за промени) Небојша Медојевиќ и лидерот на УРА (Обединета реформска акција), Дритан Абазовиќ, објави „Вијести”.

Подгоричкиот весник наведува дека не е исклучена можноста Кривокапиќ да разговара и со претставниците на СДП (Социјалдемократска партија) и на националните малцинства, но тоа најверојатно ќе се случи откако Кривокапиќ и официјално ќе биде предложен за мандатар.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ до 23 октомври треба да предложи мандатар односно еден месец од формирање на парламентарното мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот