8 C
Скопје

Црна Гора ќе повлече седум амбасадори: Меѓу отповиканите и Тарзан Милошевиќ од Србија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ денеска постигнаа договор за отповикување на седум црногорски амбасадори. Средбата меѓу Ѓукановиќ, Абазовиќ и Радуловиќ траеше речиси два часа.

Како што е соопштено вечерва, Ѓукановиќ ќе го потпише указот за отповикување на амбасадорите, откако Радуловиќ му доставил адекватни образложенија за нивно менување.

Средбата ја иницирал Радуловиќ, по кризата со решавање на прашањата за повлекување на седумте дипломати што го побара Владата, но шефот на државата одбиваше да потпише указ за тоа.

Според пишувањето на подгоричкиот весник „Вијести“, ниту еден од учесниците на состанокот не сакал да даде изјава за новинарите.

Прочитајте и...  Оштетени штедачи на Еуростандард: Дали и докапитализацијата од 10 милиони евра е дел од криминалот?

Шефот на црногорската дипломатија во образложението наведе дека амбасадорите им наштетиле на интересите на државата, не прецизирајќи за што конкретно станува збор.

Радуловиќ одлучи да бидат отповикани амбасадорите во Кина (Дарко Пајовиќ), во Србија (Тарзан Милошевиќ), во Обединетите Арапски Емирати (Душанка Јекниќ), во Ватикан (Миодраг Влаховиќ), во Италија (Сања Влаховиќ), во БиХ (Обрад Миша Станишиќ) и во Германија (Вера Кулиш).

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Слободен печат

ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Слободен печат

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Остави Коментар