Црна Гора ја затвори границата со БиХ поради коронавирусот

Заразени навивачи кои биле на дербито во Белград меѓу Звезда и Партизан, кои преку БиХ влегле во Србија.

Црна Гора ја затвори границата со Босна и Херцеговина и повторно воведе задолжително носење маски, откако епидемијата во државата беше засилена од навивачи кои се враќаа во Црна Гора од Србија преку БиХ.

„Националното координативно тело одлучи привремено да ја исклучи БиХ од списокот на држави од кои се влегува Црна Гора без мерка институционална изолација. Од денеска, влезот од БиХ е можен со негативен ПЦР тест од акредитирана лабораторија”, соопшти црногорската Влада.

Потегот е преземен затоа што повеќето од деветте активни случаи на коронавирус во моментот биле „увезени од Србија од неодговорни лица кои влегле во Црна Гора преку БиХ”.

Се работи за црногорски навивачи кои отпатувале во Белград преку БиХ за натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан и се вратија на ист начин.

Тој натпревар се одигра пред 25.000 гледачи минатата недела, во време кога повеќето европски спортски натпревари се одржуваат без публика или со ограничен број гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот