Црна Гора и натаму без новозаразени, излечени 125 лица од коронавирус

epa08326926 Health workers wearing protective gear set up a pre-triage tent in front of the Clinical Center of Montenegro in Podgorica, Montenegro, 27 March 2020. Health authorities in the small Western Balkan country have reported 67 confirmed cases of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, as well as one death so far. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црна Гора и натаму нема нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е 321 лице.

Во текот на денот се анализирани уште 94 примероци.

Во меѓуврме зголемен е бројот на пациенти кои се опоравиле и имале по два последователни негативни тестови и сега се вкупно 125.

Најмногу има во Подгорица (99), Никшиќ (18), Улцињ (14) и Бар (12).

Во општините Даниловград и Тиват повеќе нема заболени од коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

 

Видео на денот