Црна Гора и Албанија ги продолжија санкциите кон Русија

Шефицата за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини соопшти дека Црна Гора, Албанија, Норвешка и Украина се приклучиле на одлуката на Унијата за продолжување на санкциите кон Русија и поединци во Украина.

– Кандидатите за членство во ЕУ – Црна Гора и Албанија, членката на Европската економска зона – Норвешка, како и Украина, се приклучуваат на одлуката. Тие ќе обезбедат националните политики да бидат доследни на одлуката. ЕУ ја забележа нивната посветеност и ја поздравува – рече Могерини.

Русија е под санкции на ЕУ од 2014 година, кога Унијата го обвини Кремљ дека го загрозува територијалниот интегритет на Украина со анексирање на Крим, што Москва негира, а санкциите опфаќаат околу 150 лица од Русија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот