Црна Гора го зголеми бројот на тестирања: Откриени 400 нови позитивни случаи

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Црногорскиот Институт за јавно здравје објави дека околу 400 од 2.000 тестови на коронавирус кои биле испратени во лабораторија во Германија заради зголемено тестирање, се позитивни.

Со тоа значително се зголеми бројот на заразени во Црна Гора, кој со денешните нови 66 случаи достигна бројка од 963, што, како што најави директорот на Институтот, Бобан Мугоша, би можело да влијае на воведување нови епидемиолошки мерки.

„Според сегашните податоци што ги имаме, загрижени сме што над 20 проценти од примероците испратени за обработка во Германија се позитивни, што значи дека ќе има натамошно зголемување и тоа ќе влијае на тоа како ќе продолжиме да пристапуваме кон епидемијата“, рече Мугоша.

Мугоша на прес-конференцијата објасни дека вкупно 25.000 граѓани биле тестирани во Црна Гора, поради што црногорските лаборатории ги зголемиле своите капацитети десет пати, но исто така воспоставиле соработка со една од најголемите лаборатории во ЕУ, Германија, каде се испратени 2000 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот