Црна Гора го укинува полицискиот час за Велигден: На сила останува забраната за меѓуградски сообраќај

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, објави дека полицискиот час меѓу сабота и недела, 1 и 2 мај, нема да важи, но ќе продолжи во наредните денови.

Што се однесува до новите мерки, кои ќе важат од 30 април до 7 мај, ќе биде укината забраната за движење на територијата на целата земја од сабота до недела.

Сепак, забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и во другите денови, од полноќ до пет наутро, остануваат во сила.

Што се однесува до границите, тие остануваат отворени за граѓаните на Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Русија, Белорусија и Украина.

„Сите други може да влезат во Црна Гора или со негативен ПЦР тест, или со тест за антитела или со потврда за вакцинација“, рече министерката.

Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест за ковид-19.

Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот