Црна Гора го продолжува полицискиот час: Наместо од 21 часот, тој ќе почнува два часа порано

Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Владата на Црна Гора соопшти дека Националното координационо тело за заразни болести (НКТ) одлучи денеска да го скрати работното време на угостителските и услужните објекти за два часа, а за исто време да ја продолжи забраната за напуштање на домовите за граѓаните.

Мерките ќе се применуваат од среда 25 ноември 2020 година на полноќ, до 8 декември до кога се продолжени и применетите мерки донесени на 13 ноември.

Досега забраната важеше од 21 до 05 часот, а сега е продолжена за уште два часа, односно важи од 19 часот.

Во соопштението се додава дека „НКТ, согледувајќи ја епидемиолошката ситуација од една страна, и економската од друга, овој пат донесе добри мерки со цел тие да ги опфатат граѓаните, економијата и претпријатијата без големи последици, а сепак да дадат очекувани резултати“.

 

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Црна Гора има активни 11.132 случаи на инфекција со коронавирус, додека од почетокот на годината се регистрирани 31.062.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот