Црна Гора го приведе па го ослободи српскиот митрополит Амфилохије- Обвинет е дека ги прекршил мерките против коронавирусот

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој е поглавар на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.

Како што информираат српските медиуми, митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

Амфилохије и неколку свештеници  биле приведени  бидејки организирале собир пред верскиот објект и покрај забраната за собирање и мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот

По краткиот информативен разговор, Амфилохие и свештениците на СПЦ биле пуштени на слобода, а за натамошни санкции ќе одлучува државното обвинителство, соопштија црногорските власти.

Како дел од коментарите за приведувањето на Амфилохије се и тврдењето дека се работи за  демонстрација на моќ на државата Црна Гора која  почнува да го применува Законот за слободата на вероисповед“, спорна одредба која извади илјадници српски верници на улиците на црногорските градови, оневозможувајки ги намерите на Подгорица да го спроведат. Голем број на критиките упатуваат и дека волкав број на апсења на свештеници немало ниту за време на комунизмот .

Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.

Законот од декември минатата година бара сите верски заедници кои делуваат во земјата да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора била присоединета кон Кралството Србија.

Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.

Од друга страна, црногорските властите тврдат дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот