Црна Гора го подгина степенот на подготвеност поради коронавирусот

Фото: Профимедиа

Црна Гора го подигна степенот на подготвеност поради коронавирусот од низок на умерен, откако во Италија се забележани неколку смртни случаи и поголем број на заразени во кратко време, пренесува „Индекс“.

– На граѓаните на Црна Гора не им се забрануваат патувањата во оние подрачја на Италија кои се погодени од коронавирусот, но треба да им се укаже сериозноста на ситуацијата, и им се советува да не патуваат таму ако тоа не е неопходно – информираше директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугоша.

Црногорските здравствени власти под здравствен надзор ги ставија сите патници од авионот кој во понеделникот долета од Болоња во Подгорица.

Објаено е и дека црногорски државјанин, член на екипажот на крузерот „Дајмонд принцес“ кој со недели е во јапонското пристаниште Јокохама, не е заразен со коронавирус.

Претходните анализи на крајот на минатата недела покажаа дека единствениот Црногорец на крузерот е заразен, а дополнителните испитпувања информираа дека тоа всушност не е така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот