Црна Гора ги исполни условите за прогласување на крај на епидемијата

Стар град, Будва / Фото: Unsplash

Тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за да се одјави епидемијата“, рекол Бегиќ.

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник директор на Институтот за јавно здравје.

Тој појаснил дека Црна Гора помина два периоди на инкубација од 28 дена без нови случаи на коронавирус.

– Стекнати се епидемиолошките услови за ИЈЗ да размислува за прогласување крај на епидемијата. Тоа е законски дефинирана постапка која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине периодот на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон. Тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за да се одјави епидемијата – рекол Бегиќ во утринската програма на РТЦГ.

Тој додал дека правно-формално ова на терен не менува многу затоа што ризикот од вирусот сè уште останува.

– Одјавата на епидемијата не значи речиси ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сè уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски. Во сите земји на ЕУ, носењето маски е задолжително како и кај нас нас, затоа, на затворени места, на јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра задолжително е носење маска. Дали ќе остане така, зависи од понатамошниот тек на болеста – рекол Бегиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот