ЦРНА ГОРА ДОБИВА НОВ ЗАКОН: Никој не мора да плаќа долгови постари од 2 години

Фото Архива

Граѓаните на Црна Гора повеќе нема да мораат да ги плаќаат долговите постари од две години за да им се приклучи вода или струја, предвидено е во новиот предлог закон за заштита на потрошувачите, кој го претставила црногорската влада.

Јово Рабреновиќ од Министерството за економија изјавил дека Владата со новиот закон потрошувачите во Црна Гора ќе бидат повеќе заштитени, така што доколку трговците сакаат да поведат постапка против нив, нема да можат да им исклучат струја или вода ако судот не донел таква пресуда, а се работи за рок подолг од две години.

-Ова значи дека потрошувачот нема повеќе да биде обврзан да плаќа долг постар од две години за на пример да му биде вклучена вода или струја – објаснува тој.

Трговецот исто така ќе биде и обврзан на потрошувачот да му каже колкава е моменталната сметка, како и колку изнесува застарениот долг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот