Црна Гора дефинитивно не учествува на Евровизија!

Принтскрин

Како што е соопштено на официјалниот евровизиски портал ESC Today, Црна Гора нема да учествува на Евровизија која во 2020 година ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Оваа информација за Блиц ја потврдиле и Радио-телевизијата на Црна Гора (RTCG), а станува збор за тоа дека не успеале да ги исполнат роковите кои им ги дале од Европската радиодифузна унија (EBU).

YouTube

Всушност, EBU наводно им дала дополнителен рок на RTCG да ја финализираат својата партиципација за учество на Евровизија 2020 година, но на крај сепак дошло до тоа Црна Гора да се повлече од ова натпреварување.

Од RTCG за ESC Today навеле дека дале се од себе Црна Гора да биде дел од Евровизија, но дека на крајот работите сепак не се реализирале.

Некогашната југословенска република на Евровизија дебатираше во 2007 година во Хелсинки, а ја претстави Стеван Фади. Црна Гора ја имаат претставувано и Ненад Кнежевиќ, Сергеј Цетковиќ, групата „Who See“, но и Славко Калежиќ.

На минатогодишната Евровизија, Црна Гора ја претставуваше групата D Mol со песната „Heaven“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот