Црн рекорд за Русија: Најмногу заразени во еден ден од почетокот на пандемијата

Русија ковид-19/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 27.543 новозаразени со коронавирусот, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот.

Во истиот период починале уште 496 лица.

Од почетокот на пандемијата во Русија се заразиле 2.215.533 лица, а починале 38.558 луѓе, повеќето од московскиот регион.

Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата 77,3 проценти од пациентите закрепнале од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот