Црн месец за боксот: Нов смртен случај во Аргентина (ВИДЕО)

twitter.com/BoxingNewsED

Максим Дадашев почина после борбата против Субриел Матиас во САД, а нов смртен случај беше забележан и во Аргентина.

После пет дена агонија во утринските часови почина Хуго Сантилјан (19-6-2, осум со нокдаун). 23-годишниот Аргентинец во саботата во Буенос Ајрес боксуваше против Уругваецот Едуардо Абреу (10-1-1, 6 со нокдаун).

После 10 рунди, борбата заврши без победник со поделена одлука на судиите, а Сантилјан на прогласувањето се наоѓаше во лоша состојба, мораше да го држи тренерот.

Не издржа во рингот и веднаш беше префрлен во болница, а таму докторите ја потврдија неговата смрт.

– После примањето во болницата, му откажа бубрегот и не се разбуди од кома. Воедно имаше оток на мозокот и не повеќе не доаѓаше во свест. Отокот се влоши и тоа влијаеше на функционирањето на другите органи – беа зборовите на докторот Грациела Олоко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот