Црн Дрим претворен во „тепих“ од трски: Надлежните на терен (ФОТО)

На социјалната мрежа Фејсбук, вчера осамнаа фотографии од реката Црн Дрим во Струга, која според објавата, била преполна со трски, реси и отпадоци.

Фото: Фејсбук

Фотографиите наидоа на многубројни реакции кај граѓаните, кои коментираат дека состојбата во која се наоѓа реката е срамна. Сепак, набргу беше објавена и уште една фотографија која ги покажува надлежните на терен, како ја чистат реката.

Фото: Фејсбук

Од општина Струга, во изјава за „Слободен печат“ велат дека за реката и за нејзиното чистење се задолжени од ХЕЦ „Црн Дрим“, која ја сочинуваат две брани и хидроелектрани, ХЕ “Шпилје” и ХЕ “Глобочица”.

На македонска територија, Црн Дрим е долг 56 километри, а во водите на реката живеат најразлични видови на риби, како на пример крапот, кленот, јагулата, мрената и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот