Црн ден за спортот: Ракометар од БиХ загина во сообраќајка, млад шпански фудбалер се удави

Фудсба

Денеска двајца спортисти ги загубија животите.

Босанскиот ракомет е во шок откако животот во сообраќајна несреќа го загуби играчот на Чапљина, Иван Бркиќ.

Трагичната несреќа се случила утринава, нешто по еден часот по полноќ кога автомобилот на 28-годишниот ракометар излетал од патот во близнина на местото Модриќ во Босна и Херцеговина. Бркиќ бил префрлен во Мостар, но за жал докторите не успеале да го спасат животот на ракометарот.

S izrazitom tugom i nevjericom Rukometna akademija Čapljina izražava sućut obitelji tragično preminulog, našeg igrača,…

Publiée par Rukometna Akademija Čapljina sur Dimanche 21 juin 2020

„Со голема тага и неверување Ракометната академија Чапљина изразува сочуство до семејството на трагично загинатиот, нашиот играч, пријател и голем човек, Иван Бркиќ. Чест беше да го познаваме Иван, кој во нашите животи остави голема трага. Драг Иван до нашето следно видување на некои други ракометни терени, почивај во мир“, напиша РК Чапљина на официјалната Фејсбук страница.

Во Шпанија животот го загуби младиот 17-годишен фудбалер на младите категории на Лас Палман, Хорхе Санчез.
Тој се удавил во каналот Орељана во драгот Дон Бенито во близина на Бадахоз. Покрај Санчез, животот го загубил и неговиот пријател кој имал само 15 години.

Хорхе Санчез целата кариера ја помина во тимот на Лас Палмас, играше во сите младински категории, а во наредната сезона се очекуваше да биде повикан и во првиот тим на Лас Палмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот