ЦРН ЧАД НАД ИРАНСКО ПРИСТАНИШТЕ: Избил пожар и зафатил резервари со НАФТА (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Денеска избил пожар во објект за складирање на нафтени продукти во пристаништето Шахид Раџа на иранскиот брег на Персискиот залив, соопшти иранската известувачка агенција Ирна.

Иранската агенција известува за драмата на брегот и почетокот на борбата на итните служби со огнената стихија.

Пожарникари се наоѓаат на местото и се обидуваат да го контролираат пожарот, кој бил пропратен со експлозии, пренесува агенцијата, не изнесувајќи повеќе детали за моменталната ситуација.

Пожарот најпрво избувнал на машина која се користи за кревање на контејнери во пристаништето, а потоа се  проширил на делови од пристаништето кои се користат за скалдирање на нафтени производи.

Засега нема информации за евентуални жртви, а на видеото може да се види црн облак од чад кој е е формиран над пристаништето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот