Црн чад ги гуши Визбегово и Шуто Оризари, граѓаните бараат реакција од надлежните (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/O2 Иницијатива

Граѓанската O2 Иницијатива на својот Фејсбук-профил објави видео-снимка на која може да се забележи густ црн чад во близина на скопските населби Визбегово и Шуто Оризари.

Од О2 Иницијативата велат дека ова е црна точка во градот каде што жителите дишат токсини, а притоа повикаа и Министерството за внатрешни работи и надлежните испектори да реагираат да се сакнционира загадувачот.

Во бројните коментари на објавеното видео, може да се прочитаат и многу реакции на граѓани кои секојдневно забележуваат чад во овој дел на градот и повикуваат за реакција на надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот