Црквите во Грција пред Велигден ќе бидат затворени за верниците

Митрополитот Јеротеос објасни дека станува збор за препораки наменети за свештените лица, а не за верниците, за кои црквите ќе бидат затворени.

Оваа недела пред Велигден, црквите во Грција ќе бидат затворени за верниците, а Светиот Синод ги охрабрува сите верниците да останат дома, посветени на домашна молитва, вели митрополитот Јеротеос , претставникот за медиуми на Грчката Православна црква во денешните информативни емисии на телевизиите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Изјавата и појаснувањата доаѓаат откако грчките медиуми објавија циркулар од Светиот синод на ГПЦ испратен до соборните храмови во Грција со упатства во пресрет на Велигден и акцентот го ставија на делот во кој пишува дека црквите, неделата пред Велигден ќе бидат отворени од 11 до 13 часот , а на Велики Петок од 13.00-17 часот.

Митрополитот Јеротеос објасни дека станува збор за препораки наменети за свештените лица, а не за верниците, за кои црквите ќе бидат затворени.

– Под актуелните околности, Светиот синод не охрабрува ниту еден верник да дојде во црква. Црквите не се отворени за верниците и ова е значењето на литургии „зад затворени врати”, соопштуваат од ГПЦ, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, околу конкретното прашање, рече дека црквата покажува одговорна позиција, а владата е во постоја контакт со Светиот синод за да се спречат било какви собири во деновите пред Велигден.

-Во однос на работното време, разгледуваме различни прашања за да не се создаваат гужви, потсетувајќи дека не постои специфична одредба за движење во црквите. Но, патем, кога некој ќе излезе од дома од оправдани причини, може да помине и за индивидуален обред во локалната црква, рече Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот