Цревата и се испреплеткале: Актуелната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ ИТНО оперирана!

Фотографија: Instagram

Пејачката и учесничка во актуелната сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Тамара Радмиловиќ, објави фотографија на Инстаграм на која се гледа дека е хоспитализирана и призна дека причината за престојот во болница е операција.

Instagram

„Имав мачнини, повраќање и ненормали грчеви во стомакот. Завршив во Ургентниот центар и ми направија цт. Ми рекоа дека сум имала преплет на цревата поради некоја поранешна операција кога сум имала сообраќајна несреќа“, открила Тамара за Нема забранети и додала:

„Сега сум подобра. Фала Богу што се пројде добро и ме оперираа. Се надевам дека опоравувањето брзо ќе пројде.“

Инаку, не можеше во полош момент да и се случи ова на Тамара. Таа веќе требаше да се подготвува за нов круг во „Ѕвездите на Гранд“, а се надева дека ќе успее да се опорави на време, така што би можела да го даде својот максимум во новиот круг на сцената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот