Цонга „тврд орев“ за Федерер (ВИДЕО) – Слободен печат
Некатегоризирано

Цонга „тврд орев“ за Федерер (ВИДЕО)

Роџер Федерер во еден интересен меч славеше против Жо-Вилфрид Цонга на турнирот во Хале со резултат 3:0 по сетови 7:6, 4:6, 7:5.

Федерер по 17. пат се пласираше во четвртфиналето на турнирот, после една тешка битка против Французинот.

Во наредното коло швајцарскиот великан ќе ги одмери силите против Роберто Баутиста Агут.

Федерер нешто потешко од очекувањата се најде во следната фаза, Цонга беше „тврд орев“ на оваа средба во Хале.

Оваа година Федерер се врати и на сезоната на земја, а постигнувањето таму може само да му делува како дополнителен импулс.

Од 11 натпревари тој освои девет и загуби само два – против Рафаел Надал и Доминик Тим.

Цонга беше отсутен седум месеци поради операција на коленото. Французинот Хале започна со победа над својот сонародник Беноа Пер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close