ЦО на СДСМ ќе ја утврди Нина Ангеловска за кандидат за министер за финансии

Централниот одбор на владејачката СДСМ, на денешната седница, треба да ја утврди Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии пренесува 365 степени.мк.

Ангеловска, која се споменуваше меѓу можните кандидати за потпретседатели на СДСМ, ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

Таа од 2016 г. е доктор на науки по менаџмент, а во 2010 г. дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје како студент на генерација.

Нина Ангеловска се смета за успешна млада бизнисменка за што потврда е вбројувањето од „Форбс“ во 2018 г. во „Топ 30 под 30“ – триесетте најуспешни во Европа во продажба (е-комерција), а се помлади од 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот