ЦО на ДОМ: Одлука за граѓанска коалиција за локалните избори

Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти. Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски.

Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен, соопштија од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот