ЦЈЗ Охрид: Водата во Струга е исправна за пиење

фото Архива

Водата од струшкиот водовод може да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид по денешните анализи од повеќе мерни места.

Според испитаните физички хемиски и бактериолошки параметри, како што потврди за МИА Центарот за јавно здравје – Охрид, водата во Струга одговара на правилникот за безбедност за вода и е здравствено исправна за користење.

Од градскиот водовод во Стругa, речиси две недели, течеше заматена вода, поради обилните врнежи на дожд што го зафатија регионот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација” апелираше да не се користи за пиење, изразувајќи благодарност до населението за разбирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот