ЦЈЗ Куманово: Седумнаесет новозаболени од Ковид-19, оздравени 34 пациенти

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 17 нововозаболени од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 34 пациенти.

– Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери. Тие велат дека имале контакти со заболени членови од семејства, од работни места – изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се 23 тестирања од кои 19 по „МојТермин” и четири тестирања се извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.513 лица, а во моментов активни се 281.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот