Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Говорот на омразата и делата од омраза се меѓусебно поврзани и претставуваат закана за човековите права и слободи, но и за развојот, безбедноста и стабилноста на едно демократско општество. Говорот на омразата кон „поинаквите” често води кон дела од омраза кои се забранети и се санкционираат според Кривичниот законик.

ЦИВИЛ најостро го осудува секој акт на насилство, а особено актите кои произлегуваат од омраза кон неистомислениците или кон припадниците на различни заедници. Организацијата го осудува насилството врз претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтет од Тетово, Беким Асани и бара од надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат напаѓачите.

Насилството е неприфатливо и недозволено во едно демократско општество. Физичкото, но и вербалното насилство, омразата и клеветењето, оркестрираните хајки кон луѓе, поради тоа што се различни. За жал, во нашето општество, подолго време се негува култура на неказнивост. И покрај напредокот во областа на правата на ЛГБТИ заедниците, сè уште постојат сериозни предизвици.

ЦИВИЛ отсекогаш бил и ќе биде организација што стои во одбрана на правата на ЛГБТИ заедниците и континуирано бара подобрување на нивните права со конкретни политики и практики кои институциите се должни да ги преземат. Не смее да има неказнивост за ништо, а тоа подразбира и укинување на неказнивоста за дела од омраза против ЛГБТИ заедниците. Должност на државата и институциите е да ги применат Законот за заштита од дискриминација и говор на омраза за сите подеднакво.

ЦИВИЛ како организација секогаш ќе стои во одбрана на човековите права и слободи, а тоа подразбира и правото на сексуална ориентирација, правото на слободата на изразувањето и правото на праведен и слободен свет.

Наместо страв, омраза, дискриминација, ЦИВИЛ повикува на хуманост, солидарност и прифаќање дека сите поединици, независно од нивната родова, верска или етничка припадност, социјален статус, сексуална ориентација или друга припадност, идентитет или карактеристика.

Сите имаат право на достоинствен живот, а сите ние како дел од општеството имаме должност да бидеме солидарни и да ги штитиме човековите права и слободи на сите. Институциите се должни да негуваат култура на прифаќање и да се борат против стереотипите и предрасудите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот