ЦИВИЛ со осуда на национализмот и насилството во случајот со кочанско Трајаново Трло

ЦИВИЛ најостро го осудува однесувањето на одредени политички и други структури во земјава во случајот со кочанско Трајаново Трло во кој се препознатливи крајниот расизам и националистичко дивеење. Без оглед на „страната” од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.

ЦИВИЛ ги повикува институциите да преземат итни и најостри мерки за санкционирање на организаторите и поттикнувачите на етнички мотивираната омраза и насилство.

-Тие што малтретираат деца на таков брутален начин како што видовме на снимката во Кочани мора решително и бескомпромисно да бидат санкционирани според законот. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите кои ги пронајдоа и  поднесоа кривични пријави за учесниците во насилството врз детето во Кочани. Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо!, се вели во соопштението на ЦИВИЛ

Според нив, ваквото однесување во целата земја, а така и во општина Кочани, мора веднаш да престане! Граѓанското општество и јавноста во целост се повикани јасно и недвосмислено да ги отфрлат и да ги осудат говорот на омразата, дискриминацијата и насилството.

-Воедно, ЦИВИЛ најостро го осудува и однесувањето на таткото на детето кој на социјалните мрежи се појави со видео во кое, вооружен, се заканува дека ќе се одмазди. Таквите појави и закани се крајно неприфатливи и забранети се со закон. И во тој случај, институциите се повикани час поскоро да го санкционираат таквото однесување, велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот