Цивил: МВР со двојни аршини – едeн приведен за Фејсбук статус, други не

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, бил повикан да даде исказ во полиција оти на Фејсбук напишал тие што ќе ја заокружат бројката на една од партиите на гласачкото ливче да шкртнат „Северна“.

Но, полицијата под раководство на техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, досега не реагираше на објавениот статус на еден гласноговорник и подржувач на одредена политичка партија кој на својот Фејсбук профил напишал: „Гласајте за број ( ), и заокружете на ливчето каде што пишува Северна, како поддршка на политиките северџански“.

Исто така полицијата не реагираше на Фејсбук статусот на еден новинар, чија примарна задача е да ги информира граѓаните, меѓутоа тој напишал: „Важно: За да се поддржи коалицијата …….., освен бројот ( ), треба да се заокружи и “Северна“ во горниот дел од гласачкото ливче каде што пишува „Република Северна Македонија“!

Во овој момент повеќе го нема статусот на неговиот Фејбук профил.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и за време на изборен молк води политичка кампања, и на својот Фејсбук профил пишува: „Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна… 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги архивира и забележува сите прекршувања на изборниот молк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот