„Цивил“ ги осуди условувањата на Бугарија

Невладината „Цивил“ како тенденциозни ги оценува новите услови кои Бугарија и ги постави на Македонија. Во ваквите постапки според невладината, се доведува во прашање подготвеноста за соработката меѓу двете земји. За Цивил, условите претставуваат закана за земјата, бидејќи се на пет дена пред Самитот на Еврипската унија, односно пред добивањето датум за преговори. Однесувањето на Бугарија го осудуваат, за кои сметаат дека не е одлика на земја членка на ЕУ и на земја која претендира да поддржува позитивен „развој на добрососедските односи, а истовремено да ги минира, велат оттаму.

– Неприфатливо е земја како Бугарија, која во Договорот се обврзува да работи на европската и евроатлантската интеграција насочена кон успешна подготовка на Република Северна Македонија за нејзино пристапување кон Европската Унија и НАТО, но и да работи на зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот, да поставува заканувачки ултиматуми, од позиција на земја членка на Унијата, велат од „Цивил“.

„Цивил“ алармира дека инсистирањето за бришење на македонското малцинство во Бугарија, како и непризнавањето на македонскиот јазик, значи непридржување и непочитување на Договорот од страна на Бугарија.

– Факт е дека отворените прашања мора да се расчистат во име на добрососедските односи и стабилноста во регионот. Но со задирањето на Бугарија во македонскиот јазик, историја и идентитет, како услов за влез во Европската Унија, не оставаат простор за компромис. Решавањето на овие прашања е можно единствено преку дијалог и соочување, како со минатото, така и со сегашноста, а не со поставување на заканувачки ултиматуми, кои не одат во прилог на ниту една од двете земји – велат од „Цивил“.

Ги повикуваа властите да пристапат рационално и со аргументи и да ја известат јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот