ЦИВИЛ денеска организира дебата на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?”

ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?”, во хотел „Солун”, Скопје, со почеток во 13 часот. Учесници на панел дискусијата се Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал” и Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ. Панел дискусијата ќе ја води Зоран Иванов, новинар.

Во согласност со заштитните мерки COVID-19, панел дискусијата ќе биде без публика, а јавноста и медиумите ќе може да го проследат настанот во живо на Фејсбук страницата, како и на ЈуТуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел дискусијата на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на повеќе прашања и теми поврзани со пописот, соодветно на експертизата, односно искуството на учесниците на панел дискусијата. Прв говорник на настанот ќе биде Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика која е најрелевантна институција за спроведување на пописот. Тој ќе одговори на прашањето како ќе се спроведува пописот и кое е значењето на оваа статистичка операција. Останатите прашања и теми се однесуваат на значењето на пописот за економијата, стопанството и бизнис заедницата, како и за помалите етнички заедници во земјата. За жал, неизбежно е прашањето за мотивите од кои се политизира пописот.  

Панел дискусијата ќе трае околу еден час и половина. За време на дискусијата, тимот на ЦИВИЛ ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи и дел од нив ќе ги пренесе до учесниците во дискусијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот