Цитати за љубовта кои ќе ви ја разнежнат душата

Доколку сакате на драгата личност да ѝ напишете нешто романтично или едноставно сакате да прочитате нешто што ќе ви ја допре душата, тогаш овој текст е идеален за вас. 

Љубовта е мотивација и придвижувач на сè. Затоа, време е да се мотивираме и да бидеме нежни пред сè кон самите себе, а потоа и кон другите.

„Љубовта е грев, ако не се случи“– Милован Витезовиќ

„Доколку можете само да сакате доволно, вие сте најмоќната личност на светот“ – Емет Фокс

„Цветот не можете да го цветате без сонце, како ни човекот што не може да живее без љубов“– Макс Милер

„Кадешто има голема љубов, секогаш постојат чуда“ – Вила Катер

„Таму кадешто постои љубов, постои живот“ – Махатма Ганди

„Љубов е кога ќе се препознаеш себе во другиот“– Екарт Тол

„Постои едно место кое со допир може да ја полудете жената. Тоа е нејзиното срце“ – Мелани Грифит.

„Вистинските љубови немаат крај“ – Ричард Бах

„Сакам да бидам топло жолто светло кое се прелива на сите кои ги сакам“– Конор Оберст

„Суштината на љубовта е кога човек ќе се вљуби без причина и желба. Нешто што не може да се предвиди“– Харуки Мураками

„Најголемото освежување во животот е токму љубовта.” – Пикасо

„Времето нема доминација над љубовта. Љубовта е единствено нешто кое го надминува времето“ – Џенин Фрост

„Љубовта е составена од една душа која населува две тела“ – Аристотел

„Да се биде длабоко сакан од некого, дава сила, но кога длабоко некого сакате, тоа дава храброст“. – Лао Це

„Животот е цвет за кој љубовта е мед.” – Виктор Иго

„Секој пат кој не е потрошен на љубов, загрижувачки е“- T. Taсo

„Кога те видов се вљубив, а ти ми се насмевна затоа што знаеше“– Шекспир

„Љубовта која ние ја даваме е единствената љубов која ја имаме“– E. Hубард

„Што е прикривањето на љубовта? Нешто како криење на оган во волна или памук. Колку повеќе ја криете, толку повеќе ја откривате“– Руми

„Љубовта е историја на креветот“ – Наполеон Бонапарта

„Љубовта е тешка болест на душата“– Платон

„Љубовта е еден вид на пијанство, кога човек ќе ја испие првата и втората чаша, му се отвора апатетит, се јавува жед и потоа пие чаша по чаша“– Бранислав Нушиќ

„Додека се љуби, се простува“– Франсоа Ла Рошфуко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот