Циркузи во Кина: Милионер купил клуб за да може да игра неговиот син кој има 120 килограми

принтскрин/јутјуб

Речиси неверојатна вест доаѓа од втората кинеска лига.

Еден кинески милионер купил тим од втората лига и веднаш покажал кој е газда. Тој го натерал тренерот во првиот тим да го стави неговиот син, што не би било ништо невообичаено доколку младото момче немаше 126 килограми. Згора на тоа, новиот сопственик на клубот му наредил на тренерот дека неговиот син мора да игра на секој натпревар и тоа сите 90 минути и да биде задолжен за изведување на сите прекини.

За тоа колку оваа одлука е паметна или исправна, најдобро покажува состојбата на табелата. Тимот по пет кола е последен на табелата со само еден освоен бод и постигнати само два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот