Циркус во Африка, го бркаа судијата по терен, па одбија да играат (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од финалето на Африканската Лига на шампиони, Казабланка и Есперанс одиграа без победник 1:1, па со вкупен резултат од 2:1, тунискиот тим дојде до четвртата титула во ова натпреварување. Сепак, натпреварот нема да се памети по победата и триумфот на Есперанс туку по инцидентите кои ги предизвикаа гостинските фудбалери и главниот судија.

Есперанс поведе во 41. минута пред Јусеф Белали, а вистинската драма се случуваше во вториот дел кога во 59. минута Валид Ел-Карти постигна гол за 1:1 но главниот судија го поништи поради офсајд. Тој сакаше да ја прегледа снимката со ВАР технологијата но настана „технички проблем“ со кој не можеше да се види спорниот момент и одлучи да остане на првичната одлука, да го поништи голот.

https://twitter.com/SwypeSports/status/1134718676173774848

Тоа ги разбесни мароканските фудбалери кои не сакаа да го продолжат натпреварот и заедно со тренерите почнаа да го бркаат главниот судија. Веднаш реагираа редарите кои спречија поголем инцидент, по што фудбалерите на Видад цел час само стоеја на теренот. Делегатот одлучи дека натпреварот е завршен и титулата му припадна на Есперанс де Тунис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот