Циркус пред Австралија Опен: Тенисерите ни криви ни должи заглавени во собите 14 дена?

epa07308895 Rafael Nadal of Spain holds tennis balls during his men's singles quarter final match against Frances Tiafoe of the USA at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 22 January 2019. EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Еден позитивен тест на коронавирус е откриен на чартар летот од Абу Даби за Австралија и сите тенисери оид тој авион ќе бидат во 14-дневна изолација во своите соби.

Протоколите за борба против коронавирусот во Мелбурн каде ќе се игра првиот годинешен грен слем турнир, за многу тенисери и тенисерки не се идеални, а последниот случај дле од нив ќе ги исфрли од ритам.

Организаторите на Австралија опен најавија дека двонеделниот карантин ќе важи за сите тенисери и тенисерки кои планираат на играат на грен слем турнирот, но за патниците на чартер летот на кој имаше позитивен случај на коронавирус, тие услови се построги.

Тенисерите и тенисерките имаа негативни тестови пред тргнувањето за Мелбурн, но позитивниот случај во авионот на друг патник, ги стави во 14-дневен карантин без можност да тренираат.


Една од патничките во тој авион е и украинската тенисерка Марта Костјук која преку мејл ги извести своите колеги и колешки за ситуацијата.

За жал имам лоши вести. Само што не известија дека едно лице од летот EY8004 од Абу Даби кој пристигна околу 8.20 часот имал позитивен тест на корона во доаѓањето во Мелбурн. Шефот на медицинскиот протокол го истражи случајот и одлучи дека сите ќе бидат затворени во своите соби вели 14 дена“.


Организаторот потврди дека дури 23 тенисери и тенисери биле во тој авион и ќе се обидат да издејствуват намалување на карантинот за нив бидејќи тие имаат негативни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот