Ципрас: Не можеш да бараш солидарност од ЕУ, а да не покажуваш солидарност и поддршка кон грчките острови

Ципрас го повикува премиерот Кирјакос Мицотакис, „дури и во последен момент да ја промени рутата” и да го отповика законскиот акт затворените центри, да ги повлече специјалните полициски единици од островите и да ги прекине градежните работи за „изградба на затвори”.

Не може да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во изјавата за последните случувања на Лезбос и Хиос, како и за владината политика во мигрантското/ бегалското прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас го повикува премиерот Кирјакос Мицотакис, „дури и во последен момент да ја промени рутата” и да го отповика законскиот акт затворените центри, да ги повлече специјалните полициски единици од островите и да ги прекине градежните работи за „изградба на затвори”.

– До степен до кој Мицотакис ќе го напушти безизлезниот избор на авторитаризам и насилство, СИРИЗА, како одговорна опозиција е подготвена да поддржи создавање и спроведување на националниот план за управување со бегалската и мигрантската криза. Со дијалог со локалните заедници, за да ги растеретиме нашите острови. Но, ако инсистира на безизлезни и авторитарни избор, ние нема да имаме друг избор, освен да сме наспроти владата, а заедно со нашите сограѓани на островите кои со право се борат и се спротивставуваат. Бидејќи не можеш да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, рече Ципрас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот