Ципрас: Мицотакис должи извинување на Грците за измамите, лагите, омразата и поделбите за Договорот од Преспа

Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Кога го решивме проблемот со северните соседи, одбраа да ја кренат земјата на нозе, а сега премиерот на Северна Македонија ги фали за нивното верно почитување на Договорот од Преспа. Ја поздравувам промената на ставот на Мицотакис, но им должи извинување на Грците, рече лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, говорејќи од Солун на „Thessaloniki Helexpo Forum”.

На почетокот на говорот, Ципрас се осврна на Договорот од Преспа и на ставот што актуелниот грчки премиер го имаше додека беше во опозиција.

– Кога со Договорот од Преспа го решивме долгогодишното нерешено прашање со нашите северни соседи, тие одбраа да ја кренат земјата на нозе. Денес премиерот на Северна Македонија ги фали за верното почитување на договорот од нивна страна. Мицотакис, не само што се сретнува со него, а велеше дека никогаш нема се сретне, туку и се бори за спроведување на Договорот. Јас ја поздравувам промената на ставот на Мицотакис, бидејќи ѝ служи на националниот интерес, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, кој заедно со Заев ја одиграа клучната улога во постигнувањето на Договорот од Преспа истакна дека Мицотакис им должи извинување на сите Грци „кои ги измами”, односно „извинување што партијата ја стави над татковината и ги наполни Грците со лаги, омраза и поделби”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот