Ципрас: Мицотакис да заземе конечен став за Преспанскиот договор

Не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, коментирајќи ги изнесените позиции на поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас кој рече дека политичкото прашање е како Грција најлесно да се ослободи од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас во завршното обраќање на централниот комитет за обнова на СИРИЗА, рече дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија” и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција”.

Прочитајте и...  Прво детална анализа па потоа било каква интервенција во ДДВ

– Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност – вели Ципрас.

Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.

Прочитајте и...  Ердоган ќе ја заостри контролата врз социјалните медиуми

Прочитај повеќе

Димитров: Врвна амбиција на ВМРО-ДПМНЕ е да избегне правда низ административните и судски лавиринти

Слободен печат

Парични казни за 24 бугарски парламентарци поради неносење заштитна маска

Слободен печат

Заев: Создадовме пријатели околу нас и отворивме перспективи за идните генерации (ВИДЕО)

Слободен печат

Мицкоски: Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ (ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп најави „грандиозен” огномент во чест на 4 јули, градоначалничката повика жителите да останат дома

Слободен печат

Силјаноска: СЈО се појави зошто не го биваше јавното обвинителство

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вучиќ: Не го затвораме цел Белград, само ноќните клубови и рестораните од 23 до 6 часот наутро

Слободен печат

Битиќи: Можеме и знаеме, го штитиме секое работно место, ги покачуваме платите

Слободен печат

ОБСЕ: Медиумите се во опасност, план за силна економска поддршка е итно потребен

Слободен печат

Стерјовски: Тирана да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици

Слободен печат

Стојаноска: Да победи обновата, младите да останат во Републикава

Слободен печат

Виз Ер: Обновени рутите од и до нашата земја, достапни 34 дестинации

Слободен печат