Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

Патриотизмот во нашево време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани поминавме тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) Ги виде некој? Каде се сокрија сите овие, сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.

„Каде се сите оние „Македономахи“ (борци за Македонија)? Ги виде некој? Каде се скрија сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?“, се запраша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени и избрани од членовите на партиската платформа iSYRIZA под наслов „I ask & watch“.

Прашан за тоа дека „десничарската пропаганда успеа да создаде впечаток во јавноста дека левицата се идентификува со антинационалистичките сили”, поранешниот грчки премиер рече дека оваа пропаганда беше „посебно интензивна пред точно една година кога се гласаше договорот”, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека изборот на Нова демократија тогаш бил „да се идентификува со радикални мислења, со радикални кругови, да го труе грчкото општество и уште еднаш да направи поделба на патриоти и предавници”.

-Патриотизмот во нашево време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани поминавме тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) Ги виде некој? Каде се сокрија сите овие, сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.

За Договорот од Преспа рече дека „ги одбраниле вистината и патриотскиот интерес”. – Мислам дека полека полека дури и оние кои лани беа под влијание и излегуваа на улица, беа чувствителни, сфаќаат дека тоа го сторивме во корист на патриотскиот интерес. Бидејќи сега, кога Турција нѐ провоцира ќе има можност со нејзините Ф-16 да лета над Северна Македонија, рече Ципрас одговарајќи на едно од 20-те прашања поставени од членовите на партиската платформа. Лидерот на СИРИЗА порача дека левицата „беше и останува патриотска сила и сила на национална одговорност”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот